Блаже Шапов во трка за трет градоначалнички мандат во Богданци, Ристо Џинев за Дојран
Блаже Шапов во трка за трет градоначалнички мандат во Богданци, Ристо Џинев за Дојран
Во општините Богданци за трет градоначалнички мандат од СДСМ е предложен Блаже Шапов, а во Дојран Ристо Џинев.
Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.
За другите осум општини од Југоистокот СДСМ имињата на кандидатите за градоначалници ќе ги соопшти дополнително.
Фото: архива