fbpx

Богданци:Избран проектот на четвртата форумска сесија од Проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“

 Богданци:Избран проектот на четвртата форумска сесија од Проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“

Синоќа во ООУ „Петар Мусев“, Богданци беше одржана четвртата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (  кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во општина Богданци. На сесијата присуствуваа вкупно 42 граѓани, 5 члена на  оперативната група, а како гостин беше присутен претставник од УНДП Лејла Небиу Сулејмани и градоначалникот Блаже Шапов.

На форумот беа презентирани четирите проекти кои беа одобрени на седницата на Проектниот одбор формиран согласно критериумите од донаторот:

  1. Опремување и партерно уредување на Дом на култура Стојаково
  2. „Од ученик до научник“ Отварање на медијатеки и опремување на кабинети по природни науки
  3. „Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“(хоризонатална и вертикална сигнализација во Богданци)
  4. Спортско – рекреативни катчиња

После презентацијата се пристапи кон гласање согласно правилата за гласање каде можност за глас има секој граѓанин кој присуствувал најмалку на две форумски сесии, каде се гласа по работни групи/маси (вкупно седум), и секоја маса доделува бодови на секој проект поединечно по договор на сите членови, и проектот кој ќе добие најмногу гласови, од сите работни маси, е избран за финансирање.

Резултатите од гласањето се прикажани во табелата:

Наслов на проектотНосителВкупен буџет на проектот (МКД)Побарано од проектниот фонд (МКД)Месни и урбани заеднициКултура Спорт и НВООпштински СоветЗемјоделие и Животна срединаОпштинска администрацијаМладиОбразование и градинкиВкупен
број поени
2.700.000,00
Опремување и партерно уредување на Дом на култура СтојаковоО.Богданци4322212162.695.780,00
„Од ученик до научник“
Отварање на медијатеки и опремување на кабинети по природни науки
О.Богданци2211133132.358.565,00
„Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“
(хоризонатална и вертикална сигнализација)
О.Богданци3444424252.699.360,00
Спортско – рекреативни катчињаО.Богданци1133341162.428.000,00

Согласно резултатите од гласањето ИЗБРАН е проектот за поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација во Богданци кој по потпишување на Договорот треба да се реализира најдоцна во рок од 6 месеци .

Share via
Copy link