fbpx

Брера Холдинг влезе и во ЖФК Тиверија Струмица и се најавува создавање на силен женски фудбалски клуб

 Брера Холдинг влезе и во ЖФК Тиверија Струмица и се најавува создавање на силен женски фудбалски клуб

Компанијата Брера Холдингс која е добро позната на Македонската јавност и поседува 90% од сопственоста ФК АП Брера Струмица, стана првиот странски инвеститор во женски фудбалски клуб во нашата држава.

Од неодамна ова компанија со свој капитал влезе во ЖФК Тиверија Струмица кој а претходно мораше да се трансформира како АД согласно македонската законска регулатива. Ова значи дека во семејството на Брера се впишува и женски фудбалски клуб градејќи неколку скалила повеќе во развојот на женскиот фудбал во Македонија.

Влезот на Брера во ЖФК Тиверија ќе значи и обезбедување на услови за раст и развој на фудбалерките, но се отвора и шанса да се изгради еден силен женски фудбалски тим.

„Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим и да го промовираме нашиот град и земја во странство“ – изјави Александра Терзиски, генерална директорка на Брера Тиверија.

Формирањето на Брера Тиверија е неверојатна пресвртница во целокупната приказна на Brera Holdings и е вистински доказ за посветеноста на компанијата за женскиот спорт.

„Ова ќе биде втор женски спортски тим во портфолиото на Brera Holdings по стекнувањето на UYBA Volley. Не би можеле да бидеме повозбудени кога сме свесни дека имаме шампионските инвестиции во женскиот спорт на глобално ниво“, коментира Марија Ксинг, раководител на секторот за инвестиции и корпоративен развој во Brera Holdings.

Ксинг е активен поддржувач на женскиот спорт и инклузивност и е вклучена во неколку организации како што е Women in Football.

Share via
Copy link