Брера се раздели со тренерот Горазд Михаилов

 Брера се раздели со тренерот Горазд Михаилов

Брера Струмица направи уште една тренерска смена оваа сезона, овојпат го отпушти Горазд Михаилов по само четири месеци соработка.

„Фудбалскиот клуб Брера ја информира јавноста оти по четиримесечен ангажман , договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов кој зад себе остави печат и белег во работата на првиот тим. Михаилов во нашиот клуб дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер“, стои во соопштението на Брера.

Share via
Copy link