Центарот за развој на Југоистокот додели комплет одела за лична заштита на радовишките пожарникари
Денеска Центарот за југоисточен плански регион во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија по повод претстојниот Ден на пожарникарството-20 мај, додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.
Опремата ја додели директорката на Центарот, Жулиета Ѓуркова заедно со градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.
Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена.
Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.
Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.
Ваква опрема Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе додели утре, по повод Денот на пожарникарите, и на ТППЕ Струмица и на другите протипожарни единици во регионот.