fbpx

Полициски билтен: Пронајдена бомба во Гевгелија, физички напад во Радовиш

 Полициски билтен: Пронајдена бомба во Гевгелија, физички напад во Радовиш

Вчера во 18:55 часот во СВР Струмица, А.Ш.(36) од Гевгелија пријавил дека во неговото дворно место пронашол неексплодирана бомба. Бомбата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица, при што било утврдено дека потекнува од Првата светска војна. Увид бил извршен.

На 18.05.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.Т.(25) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 22.30 часот на улица „Плачковица“ во Радовиш бил физички нападнат од Н.„Н“. и Г.„Н“ од Радовиш.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link