Општина Струмица реализираше 90 проценти од програмата за втор слој асфалт на улиците
Честитка од градоначалникот Костадинов по повoд Светскиот ден на детото
Денес, на глобално ниво се одбележува 20 Ноември – Светскиот ден на детето.
Има многу нешта на овој свет кои можеме да ги наречеме „богастства“, но сите тие богатства имаат своја цена и „тежина“. Само детето е непроценливо богатство од кое поголемо нема.
Најискрените и најчистите души го заслужуваат сето наше внимание, вниманието на заедницата и општеството, но и на целата наша планета. Не смееме да ги затвораме очите пред ужасите на денешнината во кои се убиваат недолжни деца. Не смееме да дозволиме децата да бидат изложени на насилство, злоупотреба и експлоатација.
Наша должност е да им овозможиме на децата услови за безгрижно детство и можности за нивно воспитување и образување. Само така ќе го исполниме нашиот завет, да создадеме нови и успешни градители на еден поубав свет.
Нека е честит и вековит 20 Ноември – Светскиот ден на детето.