„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Водици
Почитувани сограѓани – верни поклоници на Христа,
Време е да му се израдуваме на деветнаесеттиот ден од јануари, денот во кој го славиме Водици или Богојавление, еден од најголемите и најубавите христијански празници.
По Бадник, Божик и Василица дојде денот со кој ги заокружуваме таканаречените „некрстени денови“ од циклусот – зимски празници.
Денес со пиетет, радост и многу љубов го чествуваме големиот ден во кој, според христијанското предание, Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Според истото тоа предание, денес сите води стануваат лековити и се користат за попрскување на домовите, за здравје, среќа и бериќет.
Водици е празник познат и по ритуалот на фрлање на крстот во поголеми осветени води, со уверувањето дека оној кој ќе го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.
На сите Вас кои го славите празникот како благочестиви христијани, или го имате и како домашна слава, нека ви е честит и вековит Водици, со желба да ви донесе многу радост во срцата и душите.
Нека е благословено крштевањето на Спасителот.
БОГ СЕ ЈАВИ !