„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од градоначалникот Костадинов за празникот Голема Богородица
Драги мои сограѓани – благочестиви христијани,
Денес го славиме еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица, одбележувајќи го денот кога Мајката Божја земниот живот го заменила со небесниот, завршувајќи во прегратките на својот син – Богочовекот Исус Христос.
Денес е ден на сите Марии, ден на мајките, жените и леунките, ден на сите возљубени поклоници на христијанската вера. Нека е честит и вековит големиот празник на сите кои го слават.
Нека ни е за многу години Успение на Пресвета Богородица.