Филипче од Иловица: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30 отсто

 Филипче од Иловица: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30 отсто

 Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во село Иловица, Општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО, соопштија од СДСМ.

Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби.

Во продолжение е интегралната изјава на Филипче: 

-Денеска сме во посета на општина Босилово и како сегаде низ државата и земјоделците и овде во овој регион имаат огромни проблеми. Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30 отсто. Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине. Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро се замине, толку подобро за сите граѓани на државата“, изјави Филипче.

Share via
Copy link