КУД „Фолклорна низа“ ќе настапи на 33 Меѓународен фестивал – Пролетни веселби ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ во Чалакли, Валандовско

 КУД „Фолклорна низа“ ќе настапи на 33 Меѓународен фестивал – Пролетни веселби ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ во Чалакли, Валандовско

Од 5 до 10 мај во Во Чалакли, Валандовско, се одржува 33 Меѓународен фестивал – Пролетни веселби ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ.

Свеченото отварање е во сабота во 12 часот на фестивалската сцена во Чалакли. Истиот ден од 20:30 часот е дефилето во Струмица кое ќе го предводи Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“, а ќе настапа и културно уметнички друштва од Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, С. Кипар, а дефилето ќе се одржи пред Домот на културата.

Здружението за песни и ора Фолклорна низа Во недела во Чалакли ќе биде еден од учесниците на главната фестивалска сцена заедно со КУД од Македонија и од уште 8 земји. Почетокот е од 12.00 часот со дефиле.

Дефиле и настап на културно уметнички друштва во петок ќе има и во Радовиш. Составен дел на 33 Меѓународен фестивал – Пролетни веселби ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ е и 43- ти Традиционален Меѓународен Хидрелезен Пеливански турнир и трдиционалниот фудбалски турнир.

Share via
Copy link