Полициски билтен: физички го нападнал татка си, возачи во Гевгелија и Радовиш возеле без возачка дозвола

 Полициски билтен: физички го нападнал татка си, возачи во Гевгелија и Радовиш возеле без возачка дозвола

На 06.05.2026 во 14:55 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.А.(26) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 53-годишен татко. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.05.2026 во 14:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.П.(49) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со велешки регистарски ознаки, кој го управувал Д.П. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 06.05.2026 во 15:10 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.А.(18) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал Џ.А. и по преземени мерки било констатирано дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

На 06.05.2026 во 23:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.П.(34) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „галакси“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Б.П. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 06.05.2026 во 23:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.М.(33) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „галакси“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Д.М. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link