fbpx

Црвен крст Струмица ќе организира курс за спасувачи на вода

 Црвен крст Струмица ќе организира курс за спасувачи на вода

Општинската организација на Црвен крст Струмица, во рамките на своите надлежности,по програмата за одговор при катастрофи и елементарни непогоди и законските одредби на секој објект каде има капачи да има спасувач на вода, ќе организира курс за спасување на вода по програмата на ILS (International life saving federacion), по која се работи во цел свет.

Преку овој курс посетителите ќе се стекнат со Сертификат за обучени спасувачи на вода од меѓународно признат карактер.

На курсот имаат право да се пријават лица над 17 години, да се во добра општа здравствена состојба и добри пливачи.

Курсот за спасување на вода ќе се организира со пријавени најмалку 10 кандидати кои ги исполнуваат условите.

За подетални информации, може да се обратите во просториите на Црвен крст Струмица, на e-mail: strumica.katastrofi@redcross.org.mk, или на телефон: 071/345-901.

Share via
Copy link