fbpx

Полициски билтен: Пронајдена мртва старица во Дојран, физички напади во Добрашинци и Сарај

 Полициски билтен: Пронајдена мртва старица во Дојран, физички напади во Добрашинци и Сарај

На 14.07.2021 во 18.00 часот во СВР Струмица, С.С.(51) од Гевгелија пријавила дека во семејна куќа во село Сретеново, дојранско, била пронајдена почината нејзината мајка К.Р.(83).

Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба од Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 14.07.2021 година во 06.35 часот во Полициска станица Струмица Р.Г. (47) од село Градашоци, струмичко, пријавил дека околу 06:00  часот во нива, во атар на село Добрашинци, струмичко, Т.Г. од село Градашорци бил физички нападнат од О.Н. и В.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

На 14.07.2021 година во 23:45 часот во Полициска станица Струмица Ц.Ѓ. (45) од село Сарај, струмичко, пријавил дека околу 18:00 часот во нива во атар на село Сарај, струмичко, бил физички нападнат од Х.Ѓ. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Share via
Copy link