Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Први интернационалки во ЖФК „Тиверија“ – Јанков и Шебек пристигнаа во Струмица
ЖФК Тиверија Струмица за прв пат ангажира интернационалки во своите редови.
Новите две засилувања, Маријана Јанков (26) и Милица Шебек (24) пристигнаа во Струмица и во новата сезона ќе го носат дресот на ЖФК „Тиверија“ Струмица.
Маријана Јанков доаѓа од суперлигашот ЖФК ТЦ Кањижа од Србија, а во минатото има настапувано и за Напредок, Брезница, и Црвена Sвезда. Со црногорскиот шампион Брезница дури четири години настапуваше во елитното натпреварување Лига на шампиони. Маријана игра на позицијата играч за врска и е огромно освежување во средниот ред.
Милица Шебек доаѓа од суперлигашот ЖФК Пожаревац – Србија а во минатото има настапувано и за Тријумф, Драгон и Брезница. Три години е освојувач на црногорското првенство и со екипата на Брезница настапуваше во Лига на шампиони. Милица игра на позицијата полушпиц/шпиц и ќе внесе живост во нападот на Тиверија.
Се очекува новите „тиверијанки“, со своето искуство да придонесат во зголемување на самодовербата кај младите фудбалерки и ќе го подигнат квалитетот на играта а со тоа и на клубот.