„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст Струмица подготвен за акцијата за финансиска поддршка на ранливо население
Во периодот од 12-14 февруари во Струга се организираше обука за зајакнување на капацитетите на волонтерите на Црвениот крст, за спроведување на активности поврзани за користење на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер.
На обуката, на која присуствуваа претставници од 17 општински организации на Црвен крст, учествуваше и волонтерот од Општинската организација, Танкица Стојанова.
Волонтерите од цела држава, во периодот од 15 февруари до 1 март годинава, ќе опфатат вкупно 750 корисници со финансиска поддршка на ранливото население.