fbpx

Црвен крст Струмица продолжува циклусот обуки за негуватели на стари и лица со попреченост

 Црвен крст Струмица продолжува циклусот обуки за негуватели на стари и лица со попреченост

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска продолжи циклусот обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост. Обуката ја посетуваат 15 кандидати, од кои 8 од Гевгелија, 5 од Радовиш и 2 од Валандово.

На почетокот на обуката кандидатите ги поздрави секретарот на ОО Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, која ги запозна со текот на обуката и им посака успешна работа.

Во изјавата за медумите Жанета Органџиева, одговорна за социјално-хуманитарна дејност, имплементирање и развој на услугата помош и нега во домот, истакна дека во наредниот период преку обуката кандидатите ќе се стекнат со неопходните знаења и вештини, а Црвениот крст гради сериозни сервиси и останува отворен за сите на кои и е потребна услугата.

-Едукаторите ќе им овозможат на кандатите да се стекнат со нови знаења и вештини од областа на нега во домашни услови, психосоцијална поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои се обучуваат, рече Органџиева.

Потенцираше дека со завршувањето на обуката кандидатите ќе се стекнат со сертификат со кој можат да се вклучат во сервисите за давање на услугата во општините од Југоисточниот плански регион.

Во наредниот период Црвен крст Струмица стартува со давање на услугата помош и нега во домот поддржана од страна на Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во општините Ново Село и Василево преку 14 негуватели, а ќе бидат опфатени 28 корисници.

Третиот циклус обуки е финансиран од Австриската агенција за поддршка на развојот, Австрискиот Црвен крст и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Share via
Copy link