fbpx

Четворица повредени во сообраќајка на „Преведена“

 Четворица повредени во сообраќајка на „Преведена“

Вчера во 20:40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Преведена“, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(39) од Радово, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата возачот и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Share via
Copy link