fbpx

Црвен крст Струмица се вклучува во обуките за ублажување и надминување на последиците од Ковид-19

 Црвен крст Струмица се вклучува во обуките за ублажување и надминување на последиците од Ковид-19

Централната Канцеларија на ЦКРСМ во рамките на проектот за ублажување и надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, поддржан од Business & Strategies Europe, ќе организира и спроведе обуки по Прва Психолошка помош и Психо-социјална помош и поддршка, како и Прва Психолошка помош и Психо-социјална помош и поддршка за телефонски линии.

 Обуките ќе бидат организирани и спроведени кон крајот на месец јануари и почеток на февруари 2021

Овојпат, обуките ќе бидат наменети за Тренери- Обучувачи по ППП и ПСП и телефонски линии.

По успешно завршената обука, учесниците ќе се здобијат со сертификат за Тренери по ППП и ПСП; ППП и ПСП за телефонски линии

Обуките по ППП и ПСП ќе бидат распределени во два дела, односно ќе бидат оддржани две напоредни сесии (две еднодневни обуки)

Избраните кандидати ќе биде потребно да учествуваат на двете еднодневни обуки по ППП и ПСП со цел успешно завршување на обуката

Обуките за ППП и ПСП за телефонски линии ќе бидат оддржани во една кумулативна сесија.

Во рамките на обуките е планирано и спроведување на супервизиски сесии за успешноста и јакнењето на капацитети, со што понатака лицата како тренери ќе можат да го пренесат своето знаење на останати вработени и волонтери.

Share via
Copy link