ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Д-р Филипче до Николоски: Ќе те тужам за тврдењата дека имам хациенда на Водно
Државната изборна комисија потврди дека не поседувам хациенда на Водно, а Николоски ќе добие тужба за ваквите тврдења.
Ова го напиша неврохирургот д-р Венко Филипче на својот Фејсбук профил како одговор на тврдењата изнесени во јавноста од страна на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба“, вели Филипче.
Филипче наведува дека не е зачуден од однесувањето на Николоски.
„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николовски со навреди се обидува да добие политички поени“, пишува Филипче.
Филипче одговара и на тврдењата на Николоски дека работи од 14 години сакајќи да го оправда фактот дека нема ниту еден ден реален работен стаж.
„На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, пишува Филипче.