fbpx

Да се пријават училиштата што ги наплаќаат свидетелствата

 Да се пријават училиштата што ги наплаќаат свидетелствата

Учениците и граѓаните треба да пријават во Државниот просветен инспекторат (ДПИ) доколку училиштата бараат од нив да платат за свидетелствата за завршена учебна година, изјави денеска министерот Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање во врска со вакви случаи за кои има и претставка до народниот правобранител.

„Остро го осудувам секое вакво дело кое ги задолжува учениците да плаќаат за нешто за што воопшто немаат обврска. Свидетелствата ние бесплатно ги обезбедуваме и ги охрабрувам сите граѓани и ученици да пријават до ДПИ, а Инспекторатот нив да ги санкционира за кршење на законите“, рече Адеми.

Share via
Copy link