Повик за проекти за намалување на последиците од кризата врз младите луѓе

 Повик за проекти за намалување на последиците од кризата врз младите луѓе

Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата насочени кон младите луѓе, Агенцијата за млади и спорт (АМС) објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

За оваа цел се предвидени 5 милиони денари од Буџетот, додека висината на поединечните грантови ќе изнесува најмногу 300 илјади денари.

„Последиците од кризата врз младите луѓе се веќе видливи и ќе траат долго. Оттука целта на овој повик е токму намалување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата врз младите луѓе“, објаснуваат од АМС.

Во Огласот се наведува дека ќе се подржуваат предлог проекти кои ќе бидат насочени кон информирање, едукација, правна и психолошка помош, онлајн обуки и слични активности насочени кон млади лица поврзани со последиците од коронавирусот.

Рокот за доставување на пријавите е до 29-ти јуни 2020 година.

Целосниот текст на огласот за финансиска поддршка, како и обрасците за пријава и предлог проект и буџет можете да ги најдете на следниов ЛИНК.

Share via
Copy link