Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Даскаловски: Им благодарам на сите кои ни ја дадоа довербата
Интегрален текст од прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица
Струмица уште еднаш докажа и покажа дека МОЖЕ-може и знае да победува, знае да го чува слободарскиот и демократски дух и затоа е на правиот пат-патот на слободата, демократијата, прогресот, правдата, членството во НАТО и ЕУ и пред се, докажа дека беше и е чувар на овие вредности.
Не е нескромно да кажам дека по големата победа на 15 јули со разлика од над 3.700 гласови уште повеќе сме горди на сето она што е постигнато во изминатиот период, но и на тоа што следува, бидејќи секогаш МОЖЕМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ!
Затоа, во мое лично име и од името на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви благодарам за заеднички споделената енергија, континуираната поддршка и секако, затоа што го направивте вистинскиот избор, кој е ваш со години назад.
На овие избори граѓаните на општина Струмица, и покрај гласањето во специфични услови заради пандемијата од ковид-19, докажаа дека знаат да ги препознаат вистинските вредности, знаат кој може и кој треба да ја води земјата. Тоа е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предводен од нашиот претседател, Зоран Заев!
Почитувани граѓани,
Никогаш да не заборавиме дека нашата Струмица од 2005 година чекори по патот на слободата и дека оттука тргна урнувањето на режимот. Тоа никогаш да не го заборавиме, бидејќи на 15 јули уште еднаш беше силен повикот до сите дека Струмица знае и може, Струмица мобилизира, Струмица памти, Струмица може уште повеќе!
Нашата Струмица веќе не е само бастион на СДСМ, туку е и пример како со истрајност, верба и желба се менуваат работите во државата, како се остваруваат зацртаните стратешки цели и како во континуитет се бара и се добива довербата од граѓаните.
Уште еднаш се заблагодарувам на сите кои тоа го препознаа и ни ја дадоа довербата, бидејќи МОЖЕМЕ! УШТЕ ПОВЕЌЕ И УШТЕ ПОДОБРО! МОЖЕМЕ! БИДЕЈЌИ ЗНАЕМЕ И УМЕЕМЕ!