Србин фатен како превезува мигранти
Синоќа околу 23:15 часот на регионален пат село Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Република Србија.
При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.