Уапсен крадец кој одзел пари од каса на продавница среде Струмица
Даскаловски: Можеме да изградиме почиста, позелена и поздрава средина за сите нас
Пртетседателот на Советот на Општина Струмица и кандидат за градоначалник од СДСМ, денеска присуствуваше на изложбата „5 години Генералка викенд“ во ЕУ Хаус Струмица – настан кој потсетува дека грижата за животната средина е заедничка одговорност, објави Даскаловски.
-Струмица, како и цела Македонија, се соочува со проблемот на загадување. Но верувам дека со заеднички напори, посветеност и конкретни мерки можеме да изградиме почиста, позелена и поздрава средина за сите нас.Голема благодарност до организаторите и сите волонтери кои со својата работа и енергија веќе пет години покажуваат дека промените се можни.Јас останувам целосно посветен да работиме на решенија за чист воздух, управување со отпадот и заштита на природата, затоа што секој граѓанин заслужува здрав и квалитетен живот, напиша кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски.