Започна тридневната научна конференција “Балкански монашки светови”
Даскаловски: Наша должност е да им дадеме поддршка на младите, да ги охрабриме и да создадеме услови тие да растат и успеваат тука, дома
-Денес, заедно со мојот тим, присуствував на пријателскиот натпревар помеѓу младата селекција на Македонија и репрезентацијата на Босна и Херцеговина до 19 години.Честитки до нашите момци кои денес славеа по втор пат во 2 дена против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, објави неговиот фејсбук профил кандидатот за градоначалник од СДСМ за Струмица, Марјан Даскаловски.
-Нашите млади момци уште еднаш покажаа дека со упорност, дисциплина и верба – можат да се носат со сите предизвици.Ваквите моменти се потсетник дека иднината е во младите. Наша должност е да им дадеме поддршка, да ги охрабриме и да создадеме услови тие да растат и успеваат тука, дома, со гордост носејќи го македонското знаме. Спортот обединува, а младоста не инспирира. Борбата за младите е единствена мисија во созадавање на силна општина и силна држава, напиша Даскаловски.