Денес му е роденден на Перо Христов

 Денес му е роденден на Перо Христов

На денешен ден 17 ЈУНИ 1951 година во Струмица е роден ПЕРО ХРИСТОВ – пејач, естраден уметник, приватен бизнисмен. Завршил Виша музичка школа во Скопје. Еден од основачите и во три мандатите претседател на Здружението на естрадните уметници на Струмица. Настапил на над 70 фестивали во земјава и во странство. Рекордер е на Фолк-фест Валандово” со настап на сите негови изданија.

Неговата музичка продукција изнесува повеќе од 100 забавни и народни мелодии.

Забавни евергрини: “ Капка среќа “; “Ивона “; “Евридика “ и др.

Најпопуларни фолк – хитови : “Како да те преболам “; “Нема живот Ангелино “; “Плачи срце исплачи се “; “Во црно вино утеха нема “; “Една ѕвезда една солза”; “Песна пеам за да не заплачам “; “Не можам љубов да кријам “; “Не ме буди така рано “; “Еј години за љубење “; “Пејте срца вљубени “; “Бела гулабица “ и др.

Награди и признанија: дебитантска награда и второ место од публиката на “Скопје ‘72”; прво место од публиката на “Цветници ‘95”. На “Фолк-фест Валандово”; прва награда од публиката (1996 и 1999); втора од публиката (1991); трета од публиката (1995 и 1996); трета од стручното жири (2000). На Фолк-фест “Охридски трубадури”: трета од публиката и награда за најдобрата интерпретација (1995); прва од стручното жири (1996). На “Песна на летото”, Охрид: втора од публика и награда за најдобра интерпретација (1998). На “Песна на Летото”, Охрид: втора од публиката и наградата за најдобра интерпретација (1998). На Фолк-фест “Тримери”, Струмица; две втори од стручното жири (1995 и 1996). На фолк-фест во Тетово: прва од стручното жири (1997) и награда за најдобра интерпретација (1999). Од ревијата “Екран” – диплома за освоено второ место како интерпретатор на годината (1991).

Неговиот музички опус е регистриран на повеќе аудио и видео касети, ЛП и ЦД-а. Имал и повеќе радио и ТВ настапи. И ден денес настапува, а наградите се дел од неговите успеси.

Преземено од Тања Гошева, Библиотека „Благој Мучето“ Струмица

Share via
Copy link