Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Џонсон Мети активен поддржувач на иднината на студентите
Компанијата Џонсон Мети ја презентираше својата практикантска програма пред студентите од инженерско-техничките студии на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на двонеделниот виртуелен Саем за вработување, во организација на студентската организација БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија).
Претставниците на Џонсон Мети ја презентираа програмата за општа пракса за различни одделенија во компанијата, како што се проекти, човечки ресурси, планирање и одржување. Исто така, тие презентираа и активна кампања наречена „Програма за практикантска работа со можности за понатамошно вработување во Џонсон Мети“ за сите студенти од инженерски и технички студии.
„Овој чекор го презедовме како решение за недостигот на квалификуван технички кадар во оваа област. Во овие тешки времиња, ова се многу критични улоги за вработување и затоа одлучуваме да ги создадеме. Преку настанот се поврзуваме со сегашните студенти, се претставивме пред нив, а тие научија за потребните квалификации за работа!“, вели Александра Симоновска, задолжена за ангажман на нови вработени во компанијата.
БЕСТ го организира Саемот за вработување и кариера по 17-ти пат, каде Џонсон Мети е долгогодишен партнер.
„Џонсон Мети продолжува да биде активен подржувач на иднината на студентите од техничките факултети. БЕСТ Скопје оваа година по 17-ти пат го одржува Job Fair – Саемот за вработување и кариера, наменет за ефективно вмрежување на партнер – компаниите со студенти од техничките факултети. Меѓу нашите долгогодишни партнери е и Џонсон Мети – лидер во развивање на одржливи технологии. Горди сме да кажеме дека имаме успешна и долготрајна соработка со компанијата“, објаснува Марија Кипријанова, претседател на БЕСТ Скопје.
Џонсон Мети Скопје како општествено одговорна компанија на секој начин ја поддржува заедницата и вложува во нејзин развој. Особено внимание Џонсон Мети Скопје вложува во развојот на нови млади стручни кадри и преку директен работен ангажман да се обезбеди развој на професионалните вештини на младите стручни кадри.