fbpx

Доделени сертификати на 14 лица за негуватели на стари и лица со попреченост

 Доделени сертификати на 14 лица за негуватели на стари и лица со попреченост

Општинската организација на Црвен крст Струмица додели сертификатите на 14 лица кои го следеа вториот циклус обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост, финансирани од Австриска развојна агенција, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.

Сите 14 учесници од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија се оспособени да ја даваат услугата помош и нега во домот на стари лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и лица со попреченост.

Share via
Copy link