Двајца возачи од струмичко вршеле јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци
Во 04.00 часот кај наплатна рампа Кадрифаково, светиниколско, во правец кон Свети Николе, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. од с.Радово, струмичко.
Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. На истото место во 04.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола и на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Г. од с.Дабиле , струмичко.
При контролата, исто така, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. За настаните бил известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба, а сообраќајните дозволи им се одземени и возилата се исклучени од сообраќај.