fbpx

Две лица на дваесетгодишна возраст тешко повредени во сообраќајка

Синоќа во 23:45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв 320“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.В.(20) од село Муртино, струмичко и патничко моторно возило „ауди а4“ со струмички регистарски ознаки управувано од П.Т.(18) од село Дукатино, струмичко, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и неговиот сопатник П.В.(20) од с.Муртино, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link