fbpx

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

 Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Од СВР Струмица соопштија дека вечерва во 18:05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 излез од Радовиш кон Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “пасат” и патничко возило “опел”.

Во несреќата на самото место починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило “опел” е пренесена во Медицински центар Штип.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

Од СВР Струмица повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Share via
Copy link