fbpx

Еден починат и двајца нови од Ковид-19 во Струмица

 Еден починат и двајца нови од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 174• Прилеп – 42• Битола – 27• Кавадарци – 22• Куманово и Велес – по 13• Валандово – 9• Охрид – 8• Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6• Тетово – 5• Кочани – 4• Свети Николе и Радовиш – по 3• Штип, Струмица-2, Крива Паланка и Богданци – по 2• Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица:

3 починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од:

• Скопје – 235• Битола – 39• Прилеп и Куманово – по 26• Охрид – 20• Кавадарци – 15• Струмица – 13• Кочани – 11• Велес, Берово и Демир Хисар – по 7• Радовиш и Штип – по 6• Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4• Тетово – 3• Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2• Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428

Share via
Copy link