fbpx

„Еуромакс ресоурцес“ со апел до политичарите

 „Еуромакс ресоурцес“ со апел до политичарите

Еуромакс ресоурцес како директна странска инвестиција апелира до политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика пандемијата со КОВИД – 19.

Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс Ресоурцес Македонија е во 100 процентна сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто.

За д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес, компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и нејзините акционери.

„Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес.

Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисоурс Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната средина.

Трафигура е една од најголемите светски компании за трговија, дистрибуција и логистика со енергија, нафтени производи, метали и со минерали. Трафигура мајнинг груп специјализирано се занимава со развивање и управување на рударски комплекси во целиот свет, и во моментов управуваат со над 20 рудници.

„Илустрација за големината на Трафигура е дека во 2018 година, според официјалните податоци, остварила приходот над 190 милијарди долари. Други значајни инвеститори се Европската банка за обнова и развој, која е поединечно најголемиот институционален инвеститор во РСМ и американската корпорација Ројал Голд, еден од светските лидери во инвестирање и управување со производство и трговија на скапоцени минерали и метали. Овие акционери, односно инвеститори препознаа вредност во проектот, иднина во овој долгорочен капитален проект во Република С. Македонија. Тие искажуваат верба во менаџментот на Еуромакс Ресоурцес и веруваат дека, и покрај застоите, нашата држава е земја во која вреди да се инвестира и која може да реализира ваков голем инвестициски проект“, изјави д-р Груевски.

Еуромакс Ресоурцес со реализација на проектот Иловица – Штука во првите две години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија.

Комерцијална објава

Share via
Copy link