fbpx

„Еврохаб“ објави повик за обука за социјално претприемништво

 „Еврохаб“ објави повик за обука за социјално претприемништво

Здружението за одржлив развој „Еврохаб агенда“ Струмица објавува повик за учесници на обуката за социјално претприемништво старт ап.

-Денес, во период на економска рецесија, социјалната економија во меѓународни рамки е една од главните прашања и е во фокус во европската јавна политика. Причината за ова е бидејќи социјалната економија се бори против социјалната исклученост и невработеноста. Луѓето кои немаат потребни квалификации и работно искуство, добиваат можност да се вратат на работа односно на пазарот на труд или да најдат послесно работа. Освен тоа, деинституционализацијата во многу европски земји како и во РС Македонија, е се поактуелна и овозможува простор за делување, отварање на социјални претријатија/ сервиси за да се одговри на овие прашања, но и полесно да младите и сите работоспособни граѓани станат социјални претриемачи. Во овие околности, социјалната економија се покажа како најдобра опција како дополнителен извор на вработување, бидејќи генерира работни места и го развива претприемништвото преку задоволување на социјалните потреби и овозможува социјално исклучените да бидат вклучени во тековните процеси, вели експертот во областа Сашко Јованов.

Проектот “Социјален клуч за старт ап” ги вклучува младите и долгорочно невработените мажи и жени во општина Струмица за решавање на социјалните проблеми преку социјалното претприемништво. Дознајте повеќе за овој концепт , развијте ги вашите идеи кои ќе бидат преточени во социјален бизин план и пријавете се на следниот линк: https://www.facebook.com/evrohab .

Проектот „Социјален клуч за стар ап“ го спроведува здружението ЕВРОХАБ АГЕНДА со финасиска поддршка од Г1 програмата на ЛЕР на општина Струмица.

Share via
Copy link