Фото:ОИК денеска им ги додели уверенијата на советниците од СДСМ и коалицијата
[ФОТО] Заев ги испрати фудбалерите пред полетување во Букурешт
![[ФОТО] Заев ги испрати фудбалерите пред полетување во Букурешт](https://jugoinfo.mk/wp-content/uploads/2021/06/196160121_4400854806614660_8119662321728971567_n-850x560.jpg)
– Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатуваат искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт, објавија од ФФМ.
Македонската фудбалска репрезентација првиот натпревар го игра на 13-ти јуни против Австрија во Букурешт. Во групната фаза следуваат уште и натпреварите со Украина и Холандија.
Според информациите, сите фудбалери се негативни на Ковид-19 и селекторот Игор Ангеловски ќе може да сета на сите за историскиот настап на нашата земја.