„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
ГАЛЕНИКА ЈА ЗГОЛЕМИ ПРОДАЖБАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 34 ОТСТО
Во текот на првите седум месеци годинава, Галеника постигна значително проширување на своето портфолио на производи, раст во Србија и на регионалните пазари Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, и при тоа имплементираше и дополнителна модернизација на работењето. Галеника во Северна Македонија во периодот од јануари до јуни годинава во споредба со истиот период минатата година постигна раст на продажбата од 34 проценти.
Галеника покажува постојан раст во сите сегменти на својата дејност и во периодот од јануари до јули, споредено со истиот период од минатата година, достигна 16% зголемување на производството. Од почетокот на годината, компанијата регистрираше дури 12 нови производи во Србија, додека 11 досега се пуштени во продажба. Галеника бележи раст на продажбата во регионот и до крајот на јули 2021 година, на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се пуштени пет производи. Се планира во продажба до крајот на годината да бидат пуштени уште девет. На пазарот на ЕУ, Галеника регистрираше еден производ и се планира регистрација на уште 20 производи. Институтот за истражување и развој на Галеника, во стратешко партнерство со својата сестринска компанија од Бразил – ЕМС, работи на трансфер на технологија на пет производи од поновата генерација генерички лекови.
Во периодот јануари – јули 2021 година, Галеника оствари зголемување на продажбата за 13 проценти во споредба со истиот период минатата година, што дополнително ја зајакна компанијата на стабилната втора позиција во однос на учеството на фармацевтскиот пазар во Србија. Извозот во земјите од регионот (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија) се зголеми за дури 51 процент, додека продажбата на меѓународните пазари надвор од регионот (Европа, Блискиот Исток, Африка) е повеќе од двојно зголемена.
“Галеника е компанија која гледа кон иднината и нашите иновативни процеси се важен успех. Продолжуваме да планираме и прилагодуваме, да правиме тимски напори и да го правиме она што го правиме најдобро, додека остануваме посветени на луѓето и верни на здравјето. Ние сме стратешки фокусирани на иновациите во компанијата и на портфолиото производи во корист на потрошувачите. Како модерна и стабилна компанија со одличен тим и иновативен начин на размислување, Галеника ќе стане уште поголема, со силно регионално присуство“, рече Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.
Галеника успешно ги следи поставените таргети за 2021 година и на пазарот во Северна Македонија.
„Останува заложбата да ги донесеме вредностите на Галеника кои го збогатуваат искуството, согласно потребите на нашите потрошувачи на македонскиот пазар. Компанијата во последните неколку години е исклучително динамична и внесува промени кои на македонскиот пазар резултираат со раст“, вели Даниел Јаневски, генерален директор на Галеника Северна Македонија.
Во јуни оваа година, Галеника стана добитник на престижната награда SAP Quality Award за регионот на Централна и Источна Европа, за проектот за иновативна деловна трансформација преку имплементација на најсовремениот систем за управување со бизниси – SAP S / 4HANA Cloud. Дополнително, во областа на дигитализација на деловните процеси, како прва фармацевтска компанија во Србија, Галеника започна со воведување напреден кориснички интерфејс Fiori UX, што овозможува полесна и побрза работа со зголемена ефикасност, продуктивност и мобилност на корисниците според пристапот „работа во секое време и од каде било“.
(комерцијална објава)