fbpx

Германци физички нападнати од повеќе лица во угостителски објект и на плоштадот во Струмица

 Германци физички нападнати од повеќе лица во угостителски објект и на плоштадот во Струмица

Вчера во 09:20 часот во СВР Струмица, Г.Д.(37) пријавила дека околу 02:30 часот во угостителски објект во Струмица и на плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица, таа, нејзиниот сопруг, нивниот син и пријател, сите германски државјани, биле физички нападнати од повеќе лица.

Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на случајот, при што во просториите на СВР Струмица биле повикани повеќе лица, од кои двајца признале дека учествувале во нападот.

СВР Струмица продолжува со преземање мерки со цел утврдување на идентитетот и на останатите учесници. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link