fbpx

Гевгеличанец почина во сообраќајка на „Моински пат“

 Гевгеличанец почина во сообраќајка на „Моински пат“

Вчера во 20:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Моински пат“ во Гевгелија, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, исто така, со гевгелиски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот С.С.

Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Share via
Copy link