fbpx

Голем шумски пожар над Марвинци и Балинци

 Голем шумски пожар над Марвинци и Балинци

Голем шумски пожар избувна денеска околу 13 часот во месноста Погана, над населените места Марвинци и Балинци во општина Валандово.

Од местото на пожарот се издига голем облак од чад, кој може да се забележи од автопатот Гевгелија-Скопје, како и од други локации.

Како што јавува Радио Валандово, во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Валандово и екипи на Македонски шуми, а на помош пристигнале и пожарникари од Гевгелија и ДЗС Валандово.

Share via
Copy link