Фото:ОИК денеска им ги додели уверенијата на советниците од СДСМ и коалицијата
Гори шума на планината Еленица над селото Вељуса

Гори шума на околу 3 километри јужно над селото Вељуса на тешко пристапен терен, а чадот од пожарот може да се забележи оддалеку.
Четиринаесет пожарникари и три против пожарни возила на ТППЕ Струмица веќе се на местото на пожарот и прават напори да го сават под контрола и да не се прошири.

Според очевидци од селото Вељуса пожарот избувнал претпладнево на терен кој е тешко пристапен.