fbpx

Изгаснат пожарот над селото Вељуса

 Изгаснат пожарот над селото Вељуса

Денеска ТППЕ Струмица со 5 против пожарни возила и 13 пожарникари – спасители интервенираше на гаснење на запалена нискостеблеста шума во атарот на село Вељуса со површина од околу 2 хектари, соопштија струмичките пожарникари.

-Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, стои во објавата на ТППЕ Струмица.

Share via
Copy link