Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Градоначалникот Андонов им подари новогодишни пакетчиња на првачињата

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов денеска на најмалите ученици од општина Василево-првачињата, им подари Новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, среќа и безгрижни празнични денови, градоначалникот им ја честиташе Новата година и на најубав можен начин, со новогодишно пакетче им посака убави празични денови и среќен распуст.
„Да сте сите живи и здрави, среќни и весели, да бидете умни и послушни и убаво да си ги поминете празниците и заслужениот распуст“, им порача градоначалникот Андонов на првачињата, кои не ја криеја радоста поради подароците.
Искрено, детски, му се заблагодарија со песничка и ветија дека и во наредното полугодие ќе бидат вредни и ќе учат.
Пакетчиња добија сите првачиња кои настава посетуваат во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и подрачните во нивниот состав.
Ова е традиционален начин на кој општината и градоначалникот им ги разубавуваат празниците на најмалите ученици.