Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Новогодишна честитка од градоначалникот на Ново Село
Почитувани сограѓани,
Поминавме година полна со предизвици, година што навести промени и нови содржини.
Пред нас е Новата 2022 Година. Година во која сите очекуваме да ни донесе повеќе спокој и радост, благосостојба и подобар живот.
Моето ангажирање ќе биде насочено токму кон подобрување на условите за работа и живеење.
Во новата година, ќе работиме на нови инфраструктурни решенија, на нови проекти, за модерна Општина Ново Село.
Младите ќе го добијат своето катче преку Мултимедијалниот културен центар, а нашата задача е континуирано да создаваме можности, за да го исполнуваат животот и развој токму во родното место.
Во Новата година, енергија ќе се вложи во враќањето на спортскиот дух во Ново Село, преку поттикнување нови спортски активности преку велосипедски патеки за уживање во убавините на нашите Беласица и Огражден.
Во Новата година, се посветуваме и на негата на повозрасните наши сограѓани, преку нега во домот, каде секој еден наш сограѓанин ќе добие соодветен третман и внимание и ќе се чувствува како дел од општеството во целина.
Очекувам веќе на пролет да успееме да поттикнеме и овозможиме инвестиционен циклус на нашата територија, за да го подобриме економското функционирање на општината во целина, а со тоа и да обезбедиме нови работни места за нашите сограѓани.
Имаме многу потенцијал, а мене ми преостанува да овозможам услови да делуваме во кругот на родното место.
Миграцијата е реален феномен, но наша задача е да ги мотивираме оние кои сакаат да придонесат прво за своите семејства во местата каде живеат, а потоа и за нашата општина да биде економски стабилна.
Во Новата година, да се радуваме и на Новиот живот кој доаѓа. Заради што: одделуваме од буџетот, еднократен надомест за секое новороденче од Општина Ново Село-родено во Македонија.
Бог не благословил со прекрасна широка и плодна земја, со многу чисти места и избрал многу Свети места.
Нека ни биде благословена работата во Новата 2022 година.
Вашата поддршка секој ден ми дава сила и мотив да ги движиме заедно работите напред.
Да сме живи и здрави, заедно да работиме и заедно да се радуваме!
Среќна Нова 2022 Година!