fbpx

Градоначалникот Андонов им подари новогодишни пакетчиња на првачињата

 Градоначалникот Андонов им подари новогодишни пакетчиња на првачињата

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов денеска на најмалите ученици од општина Василево-првачињата,  им подари Новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, среќа и безгрижни празнични денови, градоначалникот им ја честиташе Новата година и на најубав можен начин, со новогодишно пакетче им посака убави празични денови и среќен распуст.

„Да сте сите живи и здрави, среќни и весели, да бидете умни и послушни и убаво да си ги поминете празниците и заслужениот распуст“, им порача градоначалникот Андонов на првачињата, кои не ја криеја радоста поради подароците.

Искрено, детски, му се заблагодарија со песничка и ветија дека и во наредното полугодие ќе бидат вредни и ќе учат.

Пакетчиња добија сите првачиња кои настава посетуваат во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и подрачните во нивниот состав.

Ова е традиционален начин на кој  општината и градоначалникот им ги разубавуваат празниците на  најмалите ученици.

Share via
Copy link