fbpx

Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи во Муртино

 Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи во Муртино

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и членови на Советот на општина Струмица, денеска извршија увид во градежните активности во населеното место Муртино.

-Во Муртино се асфалтираат 2 улици кои на собирите со граѓаните беа истакнати како приоритети, а ги реализираме и приоритетите на граѓаните и во Сачево каде е завршено асфалтирањето на една улица, утре сме во Банско каде што ќе се асфалтираат 3 улици, а паралелно се работи и во Просениково на реконструкција на 2 улици. За овој период од 6 месеци за реализација се планирани вкупно 30 улици во населените места,а истовремено работиме и во градот, за асфалтирање и бетонирање се подготвуваат неколку улици во Турското маало и на други локации, изјави градоначалникот Костадинов.

Тој со жителите на Муртино ја сподели и убава вест дека се обезбедени 60 милиони денари од Министерството за животната средина за изведба на атмосферска канализација со која што се решава голем проблем во ова населено место.

Share via
Copy link