Градоначалникот Костадинов оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Биби Грамсон
Денес градоначалникот Костадин Костадинов, во неговиот кабинет, оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Р.С. Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Биби Грамсон.
На средбата градоначалникот ги запозна високите гостинки со спецификите на општина Струмица, апострофирајќи ги природните, културно-историските и туристичките белези, како и со стопанските потенцијали со кои располага нашата општина. На средбата стана збор и за приоритетните ангажмани кои ги презема Општина Струмица во рамките на своите надлежности, кои се во функција на развојот на општината и подобрување на животот на граѓаните.
Градоначалникот, амбасадорката и вице-амбасадорката разговараа и на актуелни теми, како и за можноста за унапредување на понатамошната соработка помеѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица.