Градоначалникот Костадинов присуствуваше на Светата божествена литургија во чест на Светите петнаесет
Денеска градоначалникот Костадин Костадинов, во придружба на претставници од неговиот кабинет и Советот на Општина Струмица, присуствуваше на Светата божествена литургија во чест на Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, која се одржа во истоимениот Божји храм.
Светата божествена литургија се случи со благослов на Митрополитот струмички г. Наум, а со неа чиноначалствуваше Митрополитот на Дидимотика г. Дамаскин, во сослужителство на високопреосветените: г. Димитриј Митрополит захумско хецеговачки, г. Пимен Митрополит Западноевропски и Викарниот епископ Стобиски г. Јаков.
Како резултат на добиеното кумство од минатата година, градоначалникот и членовите на неговото семејство, за здравје и спасение, извршија кршење и делење на славската погача.
Градоначалникот, во својство на кум на славата, организираше и празничен ручек.