fbpx

Градоначалникот на Василево воведува приемен ден за граѓаните

 Градоначалникот на Василево воведува приемен ден за граѓаните

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, воведува приемен ден за граѓаните.  Секој понеделник почнувајќи од 13,00 часот ќе биде период во кој граѓаните по претходно закажување ќе можат да остварат средба со градоначалникот на која ќе можат да разговараат со него и да му ги изложат своите проблеми, идеи или прашања.

Телефонски број за закажување на средбите е 034 354 444.

„Средбите со граѓаните како механизам на соработка ги сметам за најобјективен, најкоректен и најфер начин на комуникација, а со воведувањето на ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните,  на ваквата комуникација и даваме нова поквалитативна димензија, бидејќи секој граѓанин кој има потреба, ќе може во однапред точно утврден термин да оствари комуникација со мене и  на најнепосреден начин да ги образложи своите проблеми или да ги изнесе своите ставови. Освен непосредноста, со овој начин на комуникација акцент се става и на почитувањето на времето на секој поединец, со оглед на тоа што сите знаеме дека живееме во динамично секојдневие, чија ефикасност во многу зависи од доброто планирање. Очекувам воведувањето ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните многу брзо да даде позитивни резултати и да биде позитивен чекор во приближувањето на локалната самоуправа кон нејзините граѓани“, е ставот на градоначалникот на општина Всилево Славе Андонов во врска со воведувањето на приемниот ден за граѓаните.

Share via
Copy link