fbpx

Стојчев нов кормилар на Академија Пандев

 Стојчев нов кормилар на Академија Пандев

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев, објави денеска клубот на својата фејсбук страница.

-Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски, напишаа од таборот на „пандевци“.

Share via
Copy link